Пет медали за најмладите македонски репрезентативци на ЕП во традиционално карате

Македонските карате надежи освоија три сребрени и две бронзени медали на првиот ден од Европскиот шампионат во традиционално карате за деца.

Камелија Недев освои 2. место во кихон ипон кумите каде во финалето беше грубо оштетена од страна на романски судија и со тоа и беше одземен златниот медал. Во кати поединечно Камелија Недев го освои бронзениот медал.

Матеј Мангаровски и Марта Димковска освоија сребрен медал во џиу ипон кумите за деца, a Софија Јарчевска освои трето место во кихон ипон кумите за девојчиња.

Денеска, според распоредот, ќе настапат кадетите и јуниорите а утре настапуваат сениорите.

Се вчитува...