Пет од пет: „Слалом“ на Валверде и бразилска магија на Вини и Родриго за пресврт победа на Реал Мадрид

Реал Мадрид стигна до петата победа во петиот натпревар од шпанското првенство откако славеше на домашен терен против Мајорка со 3-1. „Кралевите“ имаа негатива по голот на Маричи, но успеаја да направат целосен пресврт за убедлива победа.

Репрезентативецот на Косово, Маричи во 35. минута го шокираше „Сантијаго Бернабеу“, но Реал Мадрид успеа да запише „златен гол“ откако во третата минута од судиското продолжение со „слалом“ Валверде ја затресе мрежата на Мајорка.

Пресвртот го донесе Винициус Џуниор кој на асистенција на Родриго не погреши во 73. минута. Победата ја завери Родриго кој тргна по стапките на Валверде за гол во 89. минута. А, на деби гол се радуваше и Рудигер за конечни 4-1.

 

Се вчитува...