Петар Белистојаноски е нов претседател на Карате федерацијата на Македонија

Истакнатиот македонски спортски работник и поранешен карате репрезентативец и селектор Петар Белистојаноски е избран за нов претседател на Карате федерацијата на Македонија. По пребројувањето на гласачките ливчкиња со огромно мнозинство на гласови од делегатите се избра Петар Белистојаноски да биде претседател на федерацијата во наредните четири години.

Беа разгледани и усвоени извештаите за работата во изминатата 2021 година како и финансиските извештаи, годишната програма и финансискиот план за 2022 година. Во изминатата 2021 година и покрај потешкотиите за реазицација на програмата поради пандемијата со корона вирусот COVID-19, истата претставува една од најуспешните во нејзината историја.

На крајот новиот претседател Петар Белистојаноски, се заблагодари на укажаната доверба и на кратко го претстави своето видување и начин на функционирање на федерацијата по што предложи и своја листа на членови на извршен одбор во состав:

1. Петар Белистојаноски – претседател
2. Бошко Заборски – член
3. Кристијан Младеновски – член
4. Бесник Мурати – член
5. Алим Хајредини – член
6. Ивана Аврамова – член
7. Дејан Чолески – член
8. Мартин Несторовски – член
9. Арлинд Хусеини – член

Се вчитува...