Петар Чех во понеделник ќе игра за Челси

Легендарниот чешки голман Петар Чех ќе има кам-бек на фудбалските терени. Чех одлучи да се врати од пензија и во понеделник ќе биде дел од тимот на Челси до 23 години во мечот против Тотенхем.

Претходно Френк Лампард одлучи да го регистрира Чех во Премиер-лигата, иако Чехот во моментов работи како тренер на голманите во клубот од Лондон.

Чешкиот голман во пензија замина во 2019 година по неколку сезони поминати во Арсенал.

Се вчитува...