Младиот македонски кикбоксер Петар Лозановски обезбеди најмалку бронзен медал на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Италија.
Лозановски во категоријата до 60 килограми во Лоу Кик-помлади јуниори, во четвртфиналната пресметка го победи Вук Ловриќ од Србија и со тоа обезбеди полуфинале.
Во полуфиналната пресметка, Лозановски ќе се обиде да дојде и до финалето на шампионатот, и битка за златниот медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
