Петар Николиќ потпиша со Фени Индустри

Плејмејкерот на Блокотехна, Петар Николиќ пронајде нов клуб. Тој во новата сезона ќе настапува за кавадаречки Фени Индустри. Во игра за неговиот потпис беше и Куманово, но сепак на крајот плејмејкерот се реши да потпише со тимот од салата „Јасмин“.

Пред Блокотехна, Николиќ неколку сезони беше дел од најтрофејниот клуб во Македонија, Работнички. Во Фени Индустри тој ќе игра со поранешниот соиграч од Блкотехна, Литванецот Повилас Гаидис.

Се вчитува...