„Петарда“ од Сити за Барнли, натпревар од соништата за Махрез… (ВИДЕО)

Манчестер сити убедливо со 5-0 го победи Барнли во натпреварот од 10. коло во Премиерлигата.

Тотална доминација на „граѓаните“ од почеток до крај, постигнувајќи шест гола но еден беше поништен по ВАР-консултација поради офсајд позиција.

Натпревар од соништата одигра Ријан Махрез кој постигна хет-трик, првите два веќе до 22. минута за 2-0, а Менди пред полувремето зголеми на 3-0.

Во продолжението Феран Торес и Махрез, со својот трет гол, ги докрајчија гостите.

За Сити ова е четврта победа сезонава и со 15 бода е на осмото место на табелата, додека Барнли остана на пет бода.

Се вчитува...