„Петарда“ за едно полувреме: Реал се налути, настрада Севилја

Зинедин Зидан ги прозва напаѓачите дека нереализацијата на шансите е главна причина за слабиот старт на сезоната, па „кралевите“ конечно се разбудија и заиграа онака како што му доликува на актуелниот првак на Шпанија, но и на Европа.

Цехот го плати Севилја, откако „кралевите“ за едно полувреме го демолираа секогаш незгодниот противник, стигнувајќи до предност од огромни 5-0.

Дефанзивецот Начо ја отвори серијата голови, со два погодоци се надоврза Кристијано Роналдо, а пред крајот на полувремето прецизни беа и Крос и десниот бек Ашраф, за зголемување на мизеријата на гостите од Андалузија.

Се вчитува...