„Петка“ за Манасков во новата победа на Веспрем

Дејан Манасков го продолжува успешниот камбек на терените по долгата пауза поради повреда откако македонскиот ас даде значаен придонес во најновата победа на Веспрем, на гостински терен против НЕКА со 24-33.

Интересно е што НЕКА по првото полувреме имаше водство од минимални 17-16, доволно предупредување за Манасков и соиграчите да одиграат далеку посконцентрирано во одбраната во вторите 30 минути, во кои примија само седум гола и на крајот стигнаа до убедлив триумф.

Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со пет постигнати гола, со што беше втор стрелец на својот тим, зад Лукаш со седум погодоци.

Се вчитува...