Петковски: Бевме подготвени дека може да има инцидент и затоа бевме смирени во тие моменти

Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29.

По мечот крилото на Алкалоид, Александар Петковски изјави дека тој и неговите соиграчи биле психички подготвени дека може да има инциденти во Атина.

„Првин да им честитам на соиграчите за борбата. Влеговме уште од стартот максимално и тоа се одрази на нашата игра и на крај кога беше најпотребно да стигнеме и до победа. Самото темпо на играта се промени во финишот на првиот дел и тоа ни донесе победа. Не им е првпат да праат инциденти, но ние бевме подготвени дека ќе го направат тоа и затоа останавме смирени во таа ситуација“, изјави Петковски. 

Се вчитува...