Петковски: Вардар е најголемиот бренд, но и Работнички има голем мотив за победа

Работнички утре (15 часот) ќе ги одмери силите против Вардар во рамките на 30.коло од Првата фудбалска лига. Соседското дерби секогаш привлекува дополнително внимание, а овојпат младинскиот репрезентативец Петар Петковски, кој во минатото го носеше „црвено-црниот“ дрес, ќе биде на страната на Работнички. Тој очекува возбудлив и неизвесен натпревар, но и позитивен исход за својот сегашен клуб.

„Дерби натпреварите меѓу Работнички и Вардар секогаш носат дополнителна возбуда. Не е важна моментната форма, мотивите се секогаш максимални. Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, но и затоа сите други имаат најголеми мотиви да го победат. Сега сум член на Работнички и секако дека ќе дадам се од себе да оствариме позитивен резултат на утрешниот дуел. Атмосферата во тимот е одлична по триумфот над Пелистер и се надеваме дека ќе продолжиме со добри игри и во продолжението од шампионатот. Бодовите ни се потребни во трката за излез на европска сцена и ќе сториме се за да ги освоиме“, вели Петар Петковски за официјалниот сајт на „романтичарите“.

Се вчитува...