Петра Влхова го пропушта и Светското првенство во алпско скијање

Олимписката шампионка во слалом, Петра Влхова поради повреда на коленото ќе го пропушти Светското првенство во Австрија следниот месец.

Словачката се повреди во јануари минатата година кога ги скина вкрстените лигаменти. Се очекуваше да се опорави до стартот на планетарниот шампионат, но сепак тоа нема да биде возможно.

„Рехабилитацијата на Петра оди во вистинска насока, напредокот е видлив секој ден, но таа се уште не е доволно подготвена да учествува на Светското првенство во Солбах. Се надевавме на медал, но веќе го насочуваме вниманието кон Олимписките игри во Кортина во 2026 година“, истакна тренерот Мауро Пини.

Влхова во својата кариера има освоено шест медали на светските првенства, вклучувајќи го и златото во велеслалом во 2019 година. Планетарното првенство е закажано од 4 до 16 февруари.

Се вчитува...