Петриќ: Рајн Некар има слаби страни, ќе дадеме се од себе да победиме

Во квалификациите за Лигата на Европа Вардар го игра натпреварот против Рајн Некар Левен во сабота, во обид да се пласира во второто по ранг ракометно натпреварување на Стариот континент.

Иако противникот е добро познат, германски гигант, сепак, од Вардар истакнуваат дека имаат шанси да победат. Така смета Стефан Петриќ, новото име во редовите на „црвено-црните“.

„Германската екипа има доста млади играчи, со 2-3 искусни имиња. Мислам дека во овој натпревар имаат сите шанса, ќе дадеме се од себе на мечот. И тие имаат слаби точки, ги гледавме ги анализиравме и ќе дадеме се од себе да победиме. Баш ми е драго што играм пред иста публика како што играше мојот татко, и сега сакам да играм пред Комити и да ја почувствувам таа атмосфера“, рече Стефан Петриќ.

ФОТО: Фејсбук на РК Вардар

Се вчитува...