Петровиќ ја менува повредената Човиќ во Вардар

ЖРК Вардар игра одлично во последно време, но „црвено-црните“ се принудени да доведат уште едно засилување за финишот од оваа сезона. Проблемот настана откако Андреа Човиќ заработи повреда поради која ќе мора да отсуствува најмалку два месеци од терените, па раководството на „вардарки“ е принудено да доведе уште една ракометарка што би и помогнала на Алтхаус на позицијата пивот.

Изборот е паднат на Марија Петровиќ, српска ракометарка која е член на тимот на Извор, и која би можела веднаш да им се приклучи на македонските шампионки.

Повредата на Човиќ придонесе да се најдеме во незгодна ситуација, па мораме да донесеме нов пивот во своите редови. Изборот на пазарот не е премногу голем, а од она што е достапно нашето внимание го насочивме кон Марија Петровиќ. Разговорите се во тек и се надевам дека наскоро ќе можеме да ве информираме дека трансферот е финализиран“ – изјави Гордана Нацева, претседател на ЖРК Вардар.

Доколку трансферот се реализира, Петровиќ ќе има право за настап за „црвено-црните“ почнувајќи од четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите.

Се вчитува...