Петровиќ: Момците дадоа се од себе, изгоревме на терен и заслужно победивме

Купот нема фаворити, а тоа го докажа Академија ФМП кој во првиот четвртфинален натпревар во Купот на Македонија го совлада фаворитот Пелистер во неизвесна завршница со 100-98.

Избраниците на Александар Петровиќ одиграа одличен натпревар во кој во поголемиот дел од првото полувреме го диктираа темпото, добро се справија со падот на играта на крајот на втората и почетокот на третата четвртина и искусно одговорија на крајот на сребата. Тренерот на „пантерите“ не го криеше задоволството по самиот меч и прикажаното на неговиот тим.

„Сигурно дека имаше и некое потценување од страна на противникот што се должи на двете нивни победи во првенството досега. Момците дадоа срце, изгоревме на терен и заслужено победивме. Тоа што претходно се договоривме го исполнивме, го исконтролиравме нивниот скок, ја запревме транзицијата, имавме контрола во нападот, а и контрола над резултатот. Им честитам на Пелистер за борбата, сигурно и тие да победеа ќе беше заслужено. Ова е една е нашите најдобри партии оваа сезона. Сега следува да се смириме, да одмориме и со ладни глави да одиме во нова победа“, изјави тренерот на Академија ФМП.

Се вчитува...