Петровиќ: МЗТ Скопје е фаворит, но ФМП нема што да загуби

Академија ФМП направи подвиг на четвртфиналето против Пелистер, но пред младиот состав на Александар Петровиќ денеска е нов предизвик, полуфиналето од Купот на Македонија против МЗТ Скопје. „Металците“ според квалитетот и искуството важат за фаворити, но истото беше случај и со Пелистер, па ФМП успеа да го земе скалпот на првопласираниот дел во досегашниот дел од сезоната.

Главен адут на Академија ФМП е тренерот Александар Петровиќ, кој успева да го извлече максимумот од овој млад состав. Клубот од Кисела Вода веќе успеа да го совлада МЗТ Скопје во рамките од Првата лига, а сега ќе се обиде истото да го стори и во Купот на Македонија.

„Презадоволни сме по вчерашната победа, но не застануваме тука, пред нас е нов предизвик. Јасно е дека МЗТ Скопје е фаворит ако се земе во предвид составот, но ние немаме што да загубиме. Од моите играчи го очекувам истото издание како и против Пелистер, максимална борба на двете страни од теренот, многу трчање и агресивна одбрана. Ако го испочитуваме тоа, можеме да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Петровиќ во пресрет на денешното полуфинале, што стартува во 17 часот.

Се вчитува...