Петровиќ: Нијанси ќе одлучуваат во финалето, но за ова тренираме и живееме цела година

МЗТ Скопје и Пелистер денеска со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ ја започнуваат финалната битка за титула по која ќе знаеме дали аеродромци ќе ја продолжат децениската доминација или пак битолчани ќе стигнат до историскиот трофеј.

Во очекуваното финале очекуваме и голема неизвесност, а како што вели тренерот на актуелниот шампион, Александар Петровиќ, нијанси ќе одлучуваат за крајниот исход.

„Ние ги добивме натпреварите во Суперлигата, тие ги добија во првиот дел од сезоната, но тие натпревари веќе не важат ништо. Добро се познавме ова е веќе шести натпревар, нема што да криеме ние, немаат ни тие. Заслужено се и двете екипи во финалето и очекувам добра серија. Овие тимови се добро пополнети на сите позиции, ние можеби имаме малку подолга клупа, но главната предност ја гледам во искуството на МЗТ во финалните натпревари со оглед на тоа што нив ќе им биде прво финале. Нијанси ќе одлучуваат, но за ова тренираме цела година и за ова живееме“, изјави за ЕКИПА, Александар Петровиќ.

Се вчитува...