Петровиќ: Ова беше вистинското лице на МЗТ Скопје

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ, не го криеше задоволството по одличното издание на неговиот тим и триумфот за водство од 2-1 во финалната серија против Пелистер.

Поразот во Битола беше експресно заборавен, а она што „сино-белите“ вечерва го прикажаа беше јасен доказ зошто овој тим е голем фаворит за кревање на шампионскиот пехар.

„Морам да бидам задоволен, им честитам на момците на одличната партија, ова беше вистинското лице на МЗТ Скопје. Одигравме токму онака како што се договоривме, играчите ги исполнија сите задачи во дефанзивата, во нападот бевме трпеливи, создававме ситуации за шут и ги реализиравме. Искрено, не размислуваме многу за противникот, туку за нас, како ние да одиграме најдобро што знаеме. Сега пред нас е ново гостување во Битола, оптимист сум дека ќе ја повториме играта од денешниот меч и ќе стигнеме до титулата“, изјави Петровиќ.

Се вчитува...