Петровиќ: Прва титула со МЗТ Скопје, чувството е прекрасно

Александар Петровиќ оствари уште една зацртана цел по своето доаѓање во МЗТ Скопје, освојувајќи ја шампионската титула со победата од 3-1 во финалната серија со Пелистер.

Ова воедно е прва титула на одличниот стратег, остварена со клубот каде се врати по десет години пауза и веднаш остави силен белег, не само со овој трофеј туку и со влезот во АБА-лигата.

„Претходно имам освоено трофеј во Супер-купот на Македонија, но ова е прва титула со МЗТ Скопје и можам да кажам дека чувството е прекрасно. Севкупно гледано мислам дека апсолутно го заслуживме трофејот, добро ја темпиравме формата и бевме најдобри токму во клучниот дел од сезоната. Честитки до сите кошаркари и членовите на мојот стручен штаб“, изјави Петровиќ за ЕКИПА.

Се вчитува...