Петровиќ: Трофејот го посветувам на Цевка и сите мои пријатели кои прерано не напуштија

МЗТ Скопје стигна до петтиот трофеј во Суперкуп натпреварувањето на Македонија откако славеше против ТФТ со 100-82. Четата на Александар Петровиќ одигра одличен натпревар во кој за само неколку минути успеаваше да направи голема предност, а и покрај падовите во играта на крајот успеа да одолее на налетот на противникот.

Искусниот стратег по мечот изјави дека е задоволен од победата на својот тим и дека овој трофеј го посветува на Драган Василов – Цевка и на сите пријатели кои прерано го напуштиле.

„Не е изненадување за мене што победивме. Заслужена победа за нас. Им честитам на фер и коректен однос и добра игра. Одличен меч со многу поени нешто што заслужи оваа публика. Секој трофеј е важен. Очекував ваков меч. Им честитам на моите момци и презадоволен сум од нивната игра. Чест ми е што името на овој трофеј го носи „Цевка“, а јас овој трофеј им го посветувам на сите мои пријатели кои прерано не напуштија“, изјави Петровиќ. 

Се вчитува...