Петровиќ во елемент: Велат Јанис бил најдобар, а јас го запрев со „дедо“ од 40 години

Александар Петровиќ имаше причина за задоволство откако ја предводеше селекцијата на Бразил до големата победа над Грција, со што „кариоките“ си го осигураа пласманот во следната рунда од Мундобаскет. Триумфот иако минимален е апсолутно заслужен, а Бразилците пред се импресионираа со извонредниот настап во одбрана против Јанис Адетокумбо.

Кога ја добивме Грција веднаш почнавме со подготовки, а јас во ниту еден момент не се плашев од Јанис Адетокумбо. И пред шест месеци реков дека знам како да го запрам, денеска само се потврди она што го говорат. Велат дека Јанис бил најдобар, МВП на НБА-лигата, но ние го запревме со „дедо“ од 40 години“ – гордо изјави Петровиќ.

Епитетот „дедо“ му припаѓа на ветеранот Алекс Гарсија, кој на 40-годишна возраст одигра извонредно во одбраната против најдобриот грчки кошаркар.

„Тој е повисок од мене, но кога ќе се спушти под кошот, јас бев повисокиот. Тоа е единствениот начин, бидејќи ако го оставите во отворен простор тој е неверојатно брз и експлозивен“ – прокоментира бразилскиот ветеран.

Се вчитува...