Првата македонска судијка со значката на ЦЕВ, Елеонора Петровска, во првиот викенд од Европската лига 2026 ја доби и првата номинација како меѓународен судија на натпревари од овој ранг.
Петровска беше дел од судискиот колегиум кој делеше правда на натпреварите од турнирот број три во Струмица, на кој ОФМ и машката сениорска репрезентација на Македонија беа домаќини. Таа беше во друштво на искусните арбитри – Александрос Милонакис (Грција), Ерол Акбулут (Турција) и Лучиан Настасе (Романија).
Македонската судијка го имаше главниот збор на дуелот меѓу Холандија и Луксембург, додека на мечот меѓу Македонија и Луксембург таа беше втор судија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
