Пецаков: Ова е само почеток, ГРК Охрид покажа дека е повеќе од клуб

ГРК Охрид го елиминираше шампионот Е.Пелистер во полуфиналето на Купот на Македонија, но кога требаше да „стави рака“ на трофејот, налета на пречката наречена Вардар, и не успеа да дојде до првиот трофеј во ова натпреварување.

Охриѓани имаа шанси во финишот да го избегнат поразот, и да го одведат мечот во продолженија. Меѓутоа промашија „зицер“ и Вардар го однесе трофејот.

Со реакција се јави и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој кажа дека ова е само почеток, и дека ГРК Охрид е ракометен бренд од светски ранг.

„Главата горе, гордо и достоинствено! ​Трофејот можеби не дојде во Охрид овојпат, но вистинскиот победник се препознава по борбата. ГРК Охрид покажа дека не е само клуб – туку македонски ракометен бренд од светски ранг! ​Искрени честитки до играчите за секоја капка пот и несебичната борба до последната секунда, за стручниот штаб за визијата и стратегијата со која стоиме рамо до рамо со елитата и секако “Рибарите” и навивачите – вие сте душата на овој град и најдобриот „осми играч“! Ова е само почеток. Нашето место е на врвот, а патот до таму го газиме заедно“, напиша Пецаков на социјалните мрежи.

Се вчитува...