Петта круна по ред за Црвена Звезда во Србија

Црвена Звезда ја одбрани титула во српскиот кошаркарски шампионат добивајќи ја финаната серија со Партизан со 3-1 во победи. „Црвено-белите“ ја добија драмата на гостувањето кај Паризан со 76-75. Били Берон беше херојот на Звезда, во финишот имаше три одлични напада, а го постигна и победничкиот кош буквално во последната секунда од средбата. Тој вкупно постигна 21 поен.

За Црвена Звезда ова е 20-та шампионска титула. Клубот ги обедини титулите и во домашниот шампионат и во АБА лигата.

Победникот беше решен во неизвесната завршна четвртина откако претходно Партизан имаше предност од осум поени, а Црвена Звезда го одведе натпреварот во неизвесна завршница достигнувајќи ја негативата благодарение на третата четвртина која ја доби со 18-10.

Натпреварот инаку беше во прекин повеќе од половина откако гром ја погоди салата и почна да прокиснува крвот и водата проби на паркетот.

Се вчитува...