Пежо планира да се врати на трката „24 часа Ле Ман“

Францускиот производител на автомобили, Пежо планира да се врати на трката „24 часа Ле Ман“ со нов автомобил кој ќе биде подготвен за 2022 година.

„Возбуден сум поради идинаната и поради тоа што ќе се вложиме целосно во новиот проект. Тоа е нов предизвик и знам дека нашиот тим ќе покаже голема волја за победа. Тие имаат долго искуство во најдобрите шампионати на ФИА и се гладни за успех“, изјави директорот на Пежо, Жан Марк Фино.

„24 часа Ле Ман“ Пежо го освојуваше три пати, а последен пат тоа се случи во 2009 година.

Се вчитува...