Пике: Ако може Ѓоковиќ да се занимва со бизнис, можам и јас

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике неодамна се најде во центарот на вниманието во скандал заедно со претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес кога беше објавено дека неговата фирма „Космос“ учествувала во организација на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија во замена за повеќемилионска провизија.

Тој вели дека нема што да крие, но и дека доколку на Ѓоковиќ му е дозволено да се занимава со бизнис, зошто да не може и тој.

„Новак Ѓоковиќ е организатор на тенискиот турнир во Белград. Тој пред неколку дена учествуваше на него и не го освои, судиите не му помагаа. Поразен е во финалето. Ова го споменувам како би повлекол паралела за осудата на јавноста што сум дел од организацијата на Суперкупот. Судиите ниту мене, ниту на Барселона не и помагаа“, изјави Пике. 

Се вчитува...