Пике: Јуве беше подобар, нека биде европски првак

Жерар Пике почна како дефанзивец, а мечот го заврши како најистурен напаѓач, но ниту тој не можеше да помогне Барселона да најде начин да го пробие одбранбениот бедем на Јувентус. Шпанскиот репрезентативец на крајот му го честиташе заслужениот пласман во полуфиналето на противникот, посакувајќи му да се закити со трофејот.

„Јувентус е одличен тим, беа подобри од нас во двата меча и заслужено одат понатаму. Искрено им посакуваме да станат европски шампиони, бидејќи играат одличен фудбал. Вечерва акцент ставија на одбраната, тие е Италијанци и најдобро знаат како да се одбранат, ја остварија зацртаната цел. За нас ова сигурно е разочарување, но бескрајно сум горд што и покрај елиминацијата навивачите гласно пееја до последната секунда, давајќи ни поддршка“ – изјави Пике.

Следен предизвик за Барселона е големото дерби со Реал Мадрид што е на програмата викендов на „Сантијаго Бернабеу“.

Елиминацијата од ЛШ сигурно ќе остави трага, но тоа е „Ел Класико“, сигурно нема да ни недостига мотивација. Точно е дека ова не е најдобар момент бидејќи сме далеку од посакуваната форма, но верувам дека ќе го победиме Реал“ – порача Жерар Пике.

Се вчитува...