Пике: Ни го дадоа Мундијалот во 1982, а Франко беше диктатор

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике отворено говореше за аферите во кои во моментов се споменува неговото име. Тој е вмешан во аферата за организација на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија заедно со претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес.

Тој вели дека нормално е никој да не сака да се игра во Саудиска Арабија, но мора да им се даде шанса и на тие луѓе таму, велејќи дека Шпанија добила организација на Мундијал во време на Франциско Франко.

„Докажавме дека Суперкупот беше успешен. Разбирам дека луѓето не сакаат да се игра во Саудиска Арабија, но не одлучувам јас, туку федерацијата. Секогаш сум говорел дека фудбалот и спортот ги отвораат земјите. Ние во 1966 година со генералот Франко добивме организација на СП 1982, а тој беше диктатор. Мораме да им дадеме шанса на овие луѓе“, изјави Пике. 

Се вчитува...