Пике: Само во Мадрид може да се случи Меси да изеде ваков ќотек

Барселона повторно го освои Мадрид, овојпат во „Ла Лига“, уште повеќе зацврстувајќи се на врвот на табелата. Дефанзивецот Жерар Пике не го криеше задоволството од конечниот исход, но и разочараноста од грубата игра на противникот врз Жерар Меси.

„Многу сакам да играм овде, тоа се мечеви „на се или ништо“ што го вадат најдоброто од секој од нас. И лани се најдовме во слична ситуација во шпанското првенство, но знаеме што ни се случи во ЛШ. Се надевам дека овојпат ќе бидеме подобри и во Европа. Разочаран сум од начинот на кој Реал играше против Меси, само во Мадрид може да се случи Лео да изеде таков ќотек, а судијата да не санкционира речиси никого“ – изјави Пике.

Тој се осврна и на дуелот од самиот финиш на првото полувреме, кога Серхио Рамос го игра со рака во лицето Меси, а арбитрите останаа неми.

Лео дојде во соблекувална со крв на устата. Очигледно е дека имаше удар, но некој друг треба да каже зошто судиите оцениле дека тоа не треба да се санкционира“ – порача еден од клучните играчи во таборот на Барса.

Се вчитува...