Пике се пофали: Нејмар останува!

Пари сен Жермен е подготвен да плати 222 милиони евра за да го доведе Нејмар во своите редови, но овој трансфер по се изгледа нема да се реализира откако Бразилецот се премисли и реши да остане во Барселона.

Ова вечерва го обелодени еден од клучните фудбалери на Барса, Жерар Пике, кој на својот твитер-профил објави фотографија со Нејмар со кратка порака: ОСТАНУВА!

Пораката на шпанскиот ас беше еуфорично прифатена од страна на фановите на Барса, кои порачуваат „Пике за претседател“, свесни дека дефанзивец имаше значајна улога во убедувањето на Нејмар да ја одбие мултимилионската понуда од Франција.

Останува само уште Нејмар јавно да се изјасни за својата одлуката, за дефинитивно да биде ставен крај на „сапуницата“ околу неговата иднина.

Се вчитува...