Пике спаси бод во „базенот“ во Барселона

Барселона во својот 22. натпревар сезонава во Примера дивизион успеа да избегне пораз на градското дерби со Еспањол, ремизирајќи 1-1 благодарение на голот на Пике постигнат на седум минути пред крајот. Со ова реми Ернесто Валверде го урна рекордот на Пеп Гвардиола за најдобра серија без пораз како тренер на Барса, откако актуелниот стратег на Манчестер сити своевремено имаше низа од 21 меч без неуспех со каталонскиот гигант.

Валверде реши да се коцка и одмори дел од првотимците вклучувајќи го и Лионел Меси, а без својот клучен играч каталонскиот гигант имаше сериозни проблеми да го скрши оторпот на незгодниот противник, уште повеќе ако се земе во предвид очајниот терен за игра поради обилните врнежи од дожд. Меси влезе во игра кон средината на првото полувреме, но теренот во тие моменти повеќе наликуваше на базен.

Еспањол прв поведе со голот на Жерар Морено по слабата интервенција на Жерар Пике, но дефанзивецот на Барселона се извади на спротивната страна, кога во 83. минута стрелаше прецизно со глава по центаршутот на Меси.

Домаќините во 93. минута бараа и пенал поради старт на Умтити врз Гарсија, но судијата оправдано покажа играта да продолжи.

Се вчитува...