Пикси го повика синот на Дејан Станковиќ да дебитира за Србија

Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси го објави списокот на фудбалери за ноемвриските натпревари на „орлите“. Нашиот северен сосед најпрвин ќе одигра пријателски натпревар со Белгија, а потоа е закажан и клучниот меч од квалификациите за ЕП 2024, на домашен терен против Бугарија на кој Србите мораат да освојат барем бод за да се пласират на европскиот шампионат.

Селекторот реши да не експериментира премногу, но сепак во националниот тим го повика Филип Станковиќ, синот на српската фудбалска легенда Дејан Станковиќ кој има 103 средби за националниот тим.

Филип Станковиќ е голман кој е под договор со Интер, моментно е испратен на позајмица во Сампдорија, па останува да се види дали тој ќе добие шанса можеби едно полувреме против Белгија (нереално е да се очекува на клучниот квалификациски меч со Бугарите) да дебитира за сениорската репрезентација. Покрај него, дебитант во репрезентацијата е Владимир Лучиќ од Црвена Звезда.

Се вчитува...