Пикси ќе го тужи првиот човек на Црвена Звезда

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси се огласи со соопштение по директниот напад на првиот човек на Црвена Звезда, Ѕвездан Терзиќ кој директно го нападна него за ВАР пеналот кој го доби Партизан во финишот од мечот против Спартак Суботица.

Терзиќ со три соопштенија велеше дека главен виновник за проблемите на српскиот фудбал е токму селекторот кој ја однесе Србија на Светското првенство во Катар.

„Тешко ми е да пронајдам зборови со кои би можел да опишам колку бев шокиран кога прочитав обвиненија, невистини, валкани и нискобуџетни лаги за мене. Не е првпат Ѕвездан Терзиќ да зборува така за мене. Ангажирав адвокати кои подготвуваат приватна тужба против Ѕвездан Терзиќ“, соопшти популарниот Пикси. 

Се вчитува...