Репрезентацијата на Србија за време на Мундијалот во Катар минатата година ја тресеа наводни секс-афери на неколку важни првотимци. Доведе тоа и до нарушувањето на атмосферата во таборот на Драган Стојковиќ – Пикси, па Србија својот настап го заврши со испаѓање од групата со само еден освоен бод.
Стојковиќ конечно, во разговор за српски „Курир“, проговори и за наводните секс-скандали.
„Се е тоа една фарса, едно очекувано претставување на нештата, пумпање на работите и измислување афери. Се е тоа нормално кога не се победува. Ако победуваш ништо не би имало од тоа. Тоа не е првпат да ни се случува нам, а им се случи на Англичаните и Французите во Јужна Африка. Но, во Катар се беше во ред и тие кои беа во хотелот можеа да видат дека немаше никакви проблеми“ – вели Пикси, и дополнува:
„А, има медиуми и медиуми кои сето тоа го пренесуваат на разни начини. Кога ќе дојде кај мене некој и ќе ми каже: ‘Тие жени, таму по хотелот…’. Кои бре жени? За што зборувате? Па дошла жената на Митровиќ со синот, помина еден час со него, дојдоа сопруги и на некои други фудбалери само да ги поздрават. Видов само две или три. Какви бре жени?“.
Стојковиќ истакнува дека не читали никакви медиуми за време на Светското првенство.
„Не знам ни ден-денеска кој што зборувал за нас, кој што анализирал, кој што пишувал… Може само да претпоставувам. И денес се гледам со луѓето, им пружам рака, но не сакам да си ја расипувам сликата затоа што во спортот секогаш мора да бидеш голем и во победите и во поразите. Дургите нека се радуваат, другите нека плукаат, ти само си ја работиш својата работа и за мене е најважно да ја работам најдобро и најчесно што можам“ – истакнува легендарниот Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА