Пикси останува селектор на Србија и по ЕП 2024

Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси ќе потпише нов договор со Фудбалската федерација на оваа земја. Пикси ќе остане на позицијата шеф на стручниот штаб на сениорската репрезентација најмалку до 2026 година, пренесуваат српските медиуми.

Договорот ќе трае до крајот на квалификациите за СП 2026 година. Според информациите, Пикси ќе потпише нов договор најдоцна до пријателскиот натпревар против Русија на 21. март во Москва.

Четири дена подоцна Србија ќе одигра меч и со Кипар. Да потсетиме, Србија на ЕВРО е во група со Англија, Данска и Словенија. Пикси е селектор на Србија од март 2021 година.

Се вчитува...