Драган Стојковиќ – Пикси ја предводи српската делегација на комеморацијата во чест на Ивица Осим што денеска се одржува во Сараево.
Српскиот селектор веднаш по пристигнувањето во БиХ најави дека во чест на Осим, една улица во Белград ќе го носи името на легендарниот фудбалски стратег.
„Пред да тргнеме за Сараево, имав разговор со челниците на Град Белград и речиси сигурно е дека една од улиците во нашата престолнина ќе го носи името на легендарниот Ивица Осим. Тој тоа апсолутно го заслужи и мило ми е што Белград и Србија на адекватен начин ќе му се оддолжат на овој прекрасен човек и фантастичен фудбалски стратег. Само да бидеме трпливи, бидејќи мора да минат три години од смртта за да се влезе во процедура околу промена на имиња на улиците“, истакна Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА