„Пинк Пантер“ ќе боксува за Македонија во регионот

Претстојниов викенд почнува Регионалната лига во бокс, а меѓу седумте екипи од четири држави, Македонија ќе биде претставувана од штипскиот клуб, Пинк Пантер. В недела штипските боксери ќе го пречекаат составот на Војводина. За очекувањата, на прес – конференција зборуваа претседателот на клубот, Илија Младеновски, директорот Димитар Ташков и тренерот Ристе Грбев.

„Верувам дека со победа ќе стартуваме во Регионалната лига. В недела очекуваме многу публика и поддршка во спортската сала „Јордан Мијалков“. на гости ни доаѓа екипата на Војводина- Спартак, која лани беше второпласирана во Српската лига“– истакна Илија Младеновски, претседател на клубот Пинк Пантер.

Тренерот Ристе Грбев истакна дека екипата е добро подготвена, а првата сезона треба да биде повеќе од добредојдена за стекнување на неопходното искуство.

„Очекувам  добри борби. Оваа сезона во Штип ќе имаме одличен бокс, и ќе се трудиме да се претставиме во светло издание“, изјави Грбев.

Се вчитува...