Пиоли фасциниран: Милан победи благодарение на инспиративниот говор на Ибрахимовиќ!

Милан покажува шампионски карактер во завршните неколку кола и одлично одговара на теренот кога игра под притисок, па вчеравечер режираше нов пресврт во Серија А и освои огромни три бода на гостувањето на „Бентегоди“.

Верона поведе против тимот на Пиоли и се закани дека може одново да ја расипе забавата на „росонерите“, но Леао и Тонали се погрижија за пресврт, кој беше запечатен од страна на Флоренци кој ги постави конечните 1-3.

Милан дојде на два чекора од титулата во Серија А со новиот триумф, а Пиоли откри дека победата започнала со еден инспиративен говор на искусниот Златан Ибрахимовиќ кој е лидер во соблекувалната.

„Знаеме дека за нас не постои утре, има само денес и сега … Сите ги паметат играчите на Милан кои го освоија последното Скудето и титулата во Лигата на шампионите. Ако сакаме да останеме запаметени, да го покажеме тоа на последните три меча“, откри Пиоли за говорот на Ибра.

Се вчитува...