Списоци за ЛШ: Милан без Ибрахимовиќ, Челси донесе тешка одлука

Клубовите кои обезбедија европска пролет ги верификуваат промените во составите за вториот дел од сезоната, па така екипите кои се дел од нокаут фазата од Лигата на Шампионите имаат можност да направат рокада во списокот на фудбалерите.

Милан ниту во вториот дел од сезоната во ЛШ нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ, откако Швеѓанецот не беше пријавен во составот за европската пролет. Тој би требало да се врати на терените во текот на февруари, но тренерот Пиоли сепак реши 42-годишниот голгетер да настапува само во Серија А, не и во елитното европско натпреварување.

Најтешка задача од сите имаше стратегот на Челси, Грем Потер, откако неговиот клуб ангажираше пет врвни засилувања во текот на јануарскиот преоден рок, а според правилата на УЕФА, може да се направат само три рокади во составот.

Фернандез, Мудрик и Жоао Феликс беа вклучени во новиот список на играчи на „сините“, извиси Французинот Бадијашил, како и Мадуеке, а од листата на веќе пријавени играчи отпадна Пјер Емерик Обамејанг.

Се вчитува...