Пиоли за Ибрахимовиќ: Дедо Мраз доаѓа на 25 декември…

Милан е во водство во трката по Златан Ибрахимовиќ, но тренерот Стефано Пиоли не сака премногу да размислува на оваа тема, туку се фокусира на натпреварите. Синоќа „росонерите“ ја совладаа Болоња на гости, а тој не сакаше да говори за евентуалните засилувања.

„Јас не размислувам за играчите кои ги немам во тимот. Да, ќе беше полесно ако ги имав Роналдо и Меси, но тоа не е случај, па затоа мораме да се базираме на силен колектив. Дали Ибрахимовиќ би ни бил од помош? Дедо Мраз доаѓа на 25 декември и дели подароци, но јас само сакав три бода од Болоња и не размислував за ништо друго“ – истакна Стефано Пиоли.

Се вчитува...