Пипен одбил да влезе во игра поради Кукоч: Пак би го сторил истото…

Новите епизоди од документарецот „Последниот танц“ открија нови детали од шампионскиот поход на Чикаго, обелоденувајќи и една интересна ситуација, кога Скоти Пипен одбил да влезе во игра во самиот финиш од натпреварот со Њујорк, и тоа поради Тони Кукоч.

Станува збор за мечот со Њујорк во полуфиналето од Источната конференциј, во кој резултатот на 1,8 секунди до крајот беше израмнет (102-102). Фил Џексон побара тајмаут и многумина очекуваат топката да заврши кај Пипен, кој беше најдобар стрелец со 25 поени, но тренерот на Чикаго нацрта акција на Тони Кукоч, кој до тој момент погоди само еднаш од поле и имаше само шест поени. Скот Пипен беше бесен што е изоставен од клучната акција и одби да се врати на терен, а Џексон излезе во право – Кукоч погоди од врвот на рекетот и му ја донесе победата на Чикаго.

„Тоа беше еден од оние моменти во кариерата за кои посакувам никогаш да не се случеа. Сепак, доколку пак се најдам во иста ситуација, најверојатно пак би го сторил истото“, истакна Пипен.

За некоректниот потег на големата „ѕвезда“ на Чикаго говореше и Стив Кер.

„Не знаевме како да реагираме. Тој ни беше еден од најмилите соиграчи, еден од најомилените кошаркари во светот, а кога се решаваше меч од плејофот ни го сврте грбот. Не можевме да поверуваме“, прокоментира Кер.

Се вчитува...