Пирло денеска добива отказ, познат е и неговиот нов клуб

По само една сезона помината на клупата на Јувентус, Андреа Пирло ќе го напушти клубот. Италијанскиот стратег следниот период и дефинитивно ќе добие отказ, а во Торино се очекува да се врати Масилимиано Алегри.

Но, 42-годишниот нема долго да биде без ангажман. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Пирло ќе седне на клупата на Сасуоло, тим со кој ќе потпише двегодишен договор со кој ќе го замени Роберто де Зебрија.

Пирло во Јувентус стигна на местото на Маурицио Сари, но не се прослави во редовите на „старата дама“. Деветгодишната доминација во Италија беше прекината од Интер, во Лигата на Шампионите „црвено-белите“ беа елиминирани во четвртфиналето од Порто, а на крајот тимот се задоволи само со трофеј во Купот.

Се вчитува...