Во пресврт на натпреварот меѓу Јувентус и Барселона во Лигата на шампионите, тренерот на „Старата дама“, Андреа Пирло истакна дека наскоро ќе дојде времето на новите две ѕвезди во светот на фудбалот.
Пирло смета дека Македонецот кој игра за Шведска, Дејан Кулушевски ќе биде новиот Кристијано Роналдо, додека Ансу Фати ќе биде новиот Лионел Меси.
„И Јувентус и Барселона имаат два огромни таленти. Тоа се Кулушевски и Фати. Тие имааа и среќа да играат со најголемите играчи во своето време и можат да научат многу од нив. Знам дека и двајцата се различни играчи според стилот на игра, но верувам дека ќе бидат новите Роналдо и Меси. Верувам дека во иднина светот ќе се воодушевува од нив“ – вели Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА