Пирло сака да ги спои Суарез и Роналдо

Италијанскиот првак Јувентус бара нова „деветка“, а најновата идеја на Андреа Пирло е Луис Суарез. Барселона му порача на Уругваецот дека може да си замине од „Камп Ноу“, па Јувентус како ’мајстор за слободни агенти’ ќе почека Суарез и дефинитивно да ги расчисти сите дилеми од договорот со Барса, а потоа ќе му упати понуда за да се пресели во Торино.

Пирло би сакал да го спои тандемот Роналдо – Суарез и со него да се обиде да освои уште едно „скудето“ во Италија, но и да се обиде да ја покори Европа. Јувентус е заинтересиран и за Един Џеко, но тој најверојатно ќе потпише нов договор со Рома. Во опција беше и Аркадиуш Милик, а најневеројатната опција е Јувентус да го доведе Карим Бензема од Реал Мадрид. За ваков расплет главната преговарачка улога ќе мора да ја има Кристијано Роналдо. Сепак, доаѓањето на Луис Суарез како слободен агент во Торино е најреална варијанта иако тој има одлична финансиска понуда и од Дејвид Бекам да му се приклучи на Интер Мајами во МЛС-лигата на САД.

Се вчитува...