Пирло удри по Јувентус: Тим без карактер, вистинско разочарување

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло, жестоко ја критикуваше „старата дама“ по слабиот настап и поразот од 2-0 на гостувањето против Атлетико Мадрид. Јуве со доаѓањето на Кристијано Роналдо најави уште посериозен атак на европската круна, но како што стојат работите италијанскиот првак најверојатно својот овосезонски настап во ЛШ ќе го заврши веќе во осминафиналето.

Кога атакуваш на така високи цели нормално е да се соочиш со притисок, но најважно од се е како ќе одговориш на тој предизвик. Мора да дадеш се од себе, токму на тие најважни натпревари да покажеш колку вредиш. За жал не видов такво ништо, видов само тим без карактер, со речиси никаква желба да се направи некој потег што ќе го промени текот на натпреварот. Јуве како цел меч да чекаше времето да помине, а со таков пристап едноставно морате да примите гол“ – изјави Пирло.

Јасно е, Јуве ќе мора да прикаже многу повеќе на реваншот во Торино, на кој „старата дама“ се соочува со „невозможна мисија“ – да го победи со три гола разлика најдобриот дефанзивен тим во Европа.

Се вчитува...