Писонеро не се враќа во Скопје, си најде нов клуб во Шпанија

Давид Писонеро дефинитивно стави крај на неуспешната авантура во Вардар откако шпанскиот стратег се врати назад во татковината и седна на клупата на Валјадолид. Тој беше сменет од тренерската функција по поразот на домашен терен од Кил, по што од прв тренер беше преименуван во асистент на Едуард Кокшаров. Писонеро неодамна обелодени дека пред новогодишните празници му било понудено да се врати на функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар, најави заминување од Скопје, што беше официјализирано со неговото преземање на кормилото на Валјадолид.

„Се враќам назад со илузија, со проект што сакам да се реализира. Сакам да создадеме машинерија што ќе функционира беспрекорно. Го гледав тимот и видов многу добри работи, но очекувам да напредуваме, јас како тренер и играчите, сите заедно да го движиме Валјадолид напред“ – изјави Писонеро.

Шпанецот пристигна во Вардар како наследник на Парондо, добро ја стартуваше Лигата на шампионите, но избрзаната смена по поразот од Кил се покажа кобна за „црвено-црните“, ако се земат во предвид очајните резултати по неговото заминување од кормилото на „вардарци“.

Се вчитува...