Пјаниќ дефинитивно ја напушта Барса, два клуба чекаат подготвени за неговиот потпис

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона, пренесуваат каталонските медиуми. Тој сезонава стигна како големо засилување, но воопшто не се снајде на „Камп ноу“ каде запиша само 28 настапи и тоа најчесто од клупата за резерви.

Два тима се заинтересирани за неговиот потпис. Прв фаворит е финалистот во Лигата на шампионите Челси, кој сака дополнително да го засили средниот ред во новата сезона, а вториот тим во игра за неговиот потпис е Интер.

Антонио Конте по пауза од 11 години ја врати титулата од Серија А на „Џузепе Меаца“, но сака дополнително да го засили средниот ред како би можел да нападне и подобар резултат во Лигата на шампионите.

За потсетување Пјаниќ на „Камп ноу“ стигна на стартот на сезоната од Јувентус во замена за Артур Мело.

Се вчитува...