Пјаниќ: Сари не им веруваше на фудбалерите

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ изјави дека неговиот тренер од Јувентус, Маурицио Сари не им верувал на фудбалерите и се сомневал во нивниот професионализам. Сари на клупата на тимот од Торино помина само една сезона, а иако Јувентус ја освои деветтата во низа титула во Серија А, во Лигата на шампионите повторно испаднаа премногу рано.

„Сари едноставно не ни веруваше на нас фудбалерите. Лошо ги проценува луѓето. Секој фудбалер даваше максимум за Јувентус. Може да не се согласувате со еден или двајца, но никогаш тоа не влијае на желбата за победа. Станува збор за професионалци. Но, ако тренерот тоа го доведува во прашање, тогаш нема тимски дух. Никој не се сомнева во тренерските квалитети на Сари, но проблем и тоа како имаше“, изјави Пјаниќ. 

Пјаниќ годинава го напушти Јувентус и премина во Барселона тим со кој потпиша договор до 2024 година.

Се вчитува...