По триумфот во спринт трката Оскар Пјастри стигна и до пол-позицијата за главната трка за големата награда на Катар. Тој одвезе одлично во К3 во квалификациите и зад себе го остави клупскиот колега Ландо Норис.
Од вториот стартен ред ќе тргне Макс Ферстапен во Ред Бул, како и возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Во топ 10 уште се најдоа и: Антонели, Хаџар, Сајнц, Алонсо, Гасли и Леклер. Нови срамни квалификации имаше Луис Хамилтон кој утрешната трка ќе ја стартува од 18. место.
Главната трка во Катар е закажана за утре со почеток во 17 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

