Пјастри: Односот меѓу мене и Ландо е одличен

Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки.

Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката, но младиот Австралиец го негираше тоа.

„Ландо и јас се сложуваме одлично. Мислам дека нашиот однос никогаш не бил подобар. Причината е едноставна. Три години сме клупски колеги и секој ден се запознаваме сè подобро и подобро“, рече Пјастри.

Следната трка во шампионатот е на 23. ноември во Лас Вегас.

Се вчитува...